Ако отидете на бензинска во следните 2 часа ќе заштедите 75 денари за гориво

Регулаторната комисија за енергетика одлучи за новите цени на горивата. Од денес на полноќ нафтените деривати поскапуваат.

Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95, ЕУРОСУПЕР БС-98, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ - 1) се зголемуваат за 1,50 ден/лит во однос на цените утврдени со Одлуката од 06.04 .2015 година и со тоа цената на ЕУРОСУПЕР БС - 95 изнесува 69,00 ден/лит, на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 71,00 ден/лит , на ЕУРОДИЗЕЛ (Д -Е V) изнесува 54,50 ден/лит.

Така, еден резервоар од 50 литри, по полноќ ќе ви чини 75 денари повеќе отколку да го наполните во моментов. Во гориво, тоа би било нешто над литар бензин или скоро литар и половина дизел. Доколку автомобилот ви троши 10 литри на 100 километри ако возите бензинец, ќе поминете 10 километри повеќе доколку побрзате на бензинска, или што би се рекло, утре на работа ќе одите „бесплатно“

 

 

 

 

Оцени ја веста

20.04.2015 - 22:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега