СДСМ преку пленумите како продолжена рака креира слика за наводно незадоволство

Беџови, маици, транспаренти, спрејови, мегафони, превоз до главниот град заради учество на протестен собир. Ова е само дел од финансиската поддршка која неколкуте ново формирани групации, таканаречени  пленуми, според познавачите на состојбите, ја добиваат директно од СДСМ и соросовите инсталации во Македонија.

Велат, поддршката е логична имајќи ја во предвид јавната тајна дека пленумите се продолжена рака на СДСМ и нова форма на делување, а во насока на освојување на власта преку креирање на слика за наводно незадоволство кај различните групи на граѓани.

Пленумските активности имаат и силна медиумска поддршка од средствата за информирање под контрола на опозицијата, особено од порталите кои речиси секогаш први, а неретко и единствени, ги дознаваат агендите, односно настаните на средношколскиот, студентскиот, наставничкиот, новинарскиот и другите пленуми, на кои, во најголем дел заеднички заштитен знак им е стиснатата тупаница, симбол на некогашниот "отпор" и белата лада на Бранко Црвенковски.

Од друга страна претставниците на пленумите кои реферираат за медиумите, речиси секогаш потенцираат дека се непартиски, граѓански здруженија, кои функционираат преку самофинансирање. Но, таквите теории паѓаат во вода, затоа што ако се погледне повнимателно, неминовни се констатациите дека секогаш едните исти луѓе се присутни и даваат поддршка на секој протест, како и дека за организација и мобилизација се потребни десетици илјади евра, кои, тешко дека учениците од неколкуте средни училишта кои протестираат би ги издвоиле од џепарлакот, патем за да штампаат маици, беџови и да плаќаат автобуски карти до Скопје.

Очигледно ниту сегашното раководство на СДСМ не ја научи лекцијата дека ваквите обиди за превземање на власта, преку организирање на протести, маршеви, бојкоти и примена на слични деструктивни сценарија, не вродуваат со плод и политички капитал, ако се знае дека не му помогнаа ниту на претходниот лидер, туку напротив, го доведоа до политички крах и предвремено пензионирање, иако вчерашното писмо на Црвенковски за поддршка и продолжување на ваквата политика, остава впечаток дека неговата политичка кариера сепак, покажува минимален пулс.

За овој четврток средношколците најавија протест пред Владата и МОН. Согласно инструкциите, експресно со поддршка се јавија наставничкиот пленум на чело со екс пејачката и сегашен предводник на унијата на жени на СДСМ, Цветанка Ласкова, но и студентскиот, предводен од дел од социјал демократскиот подмладок кој има поголемо искуство во организирање протести и узурпирање државни високо образовни установи.  Во јавноста речиси секогаш се огласуваат и неколку невладини организации кои се под закрила на Фондацијата предводена од Милчин, МОФ, Цивил, Солидарност, НВО Инфоцентар кои денес се огласија дека ќе протестираат во четврток.

КУРИР

Имајќи го во предвид начинот на размислување и делување на најголемата политичка партија во земјава, според експертите останува во четврток да видиме реприза на тоа како истите луѓе блокираат улици и институции, носејќи пароли дека доста било молк.

 

 

Оцени ја веста

21.04.2015 - 14:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега