ВМРО-ДПМНЕ го осуди настанот на кој новинарот Борјан Јовановски е изложен

ВМРО-ДПМНЕ го осудува настанот на кој новинарот Борјан Јовановски е изложен. 

Вакви настани за ВМРО-ДПМНЕ се целосно неприфатливи и штетни, како лично за новинарот Борјан Јовановски и неговото семејство, така и за целокупната атмосфера во државата. 

Во последните месеци видовме повеќе настани во кои новинари беа изложени на местенки, смени од позиции во нивните медиуми, забрани на емисии, физички напади и навреди. Сето тоа штети на новинарството, но и на државата. 

ВМРО-ДПМНЕ повикува институциите многу одговорно да ги истражат овие настани за да не се дозволи било какви обиди на местенки и манипулации со чувствата на јавноста.

На новинарот Борјан му беше испратен венец со порака од Тодор Александров.

 

 

Оцени ја веста

21.04.2015 - 23:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега