МАН го осуди испраќањето погребен венец на семејството Јовановски

Македонската асоцијација на новинари(МАН) најостро го осудува испраќањето на погребен венец со натпис „Последен поздрав“ на домашна адреса на новинарот Борјан Јовановски од извесен испраќач со кодно име Тодор Александров. МАН смета дека никој не смее да им се заканува на новинарите за вршење на нивната работа, особено не на ваков начин и со вмешување на најблиските од семејството. МАН смета дека разликите може и треба да бидат предмет на дебата, разменување на мислења и идеи, но не треба резултатот да биде навреда и закана по животот. Истовремено, бараме да не се политизира целиот инцидент со протест пред владата, бидејќи новинарот – е новинар, а не опозиција. Воедно, МАН бара од надлежните во најкус можен рок да го расветлат случајот, да го најдат сторителот и најостро да го казнат. Ваквата реакција на МАН следува откако Вечерва непознато лице дошло во семејната куќа на новинарот и уредник на НОВА Борјан Јовановски и на неговата сопруга и оставило мртовечки венец со натпис „последен поздрав“ велејќи дека „поздравот„ е од Тодор Александров. Дома биле и малолетните деца на Јовановски. Сопругата на Јовановски настанот го пријави во полицијата.

 

 

Оцени ја веста

22.04.2015 - 01:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега