Тркалезна маса за децата сместени во установи

Тркалезна маса на тема „Децата и младинците со воспитно-социјални проблеми и нарушено поведение сместени во установи-состојба и предизвици“, ќе се одржи денеска во организација на Одделението за заштита на правата на децата и на лицата со посебни потреби на Народниот правобранител.   

Излагање на тема „Состојбата со децата и младинците  со воспитно-социјални проблеми и нарушено поведение во установите за сместување  “  ќе има заменик- народниот правобранител, Васка Бајрамовска-Мустафа,  а за „Соработката на Меѓуопштинскиот центар за социјални работи со установите за згрижување на деца и младинци со воспитно-социјални проблеми и нарушено поведение“ ќе зборуваат Весна Аврамовска, социјален работник и Мерсие Хаџи Ахмедовиќ правник од Меѓуопштинскиот центар за социјални работи Скопје.

На тема „Следење на извршувањето на мерката упатување“ ќе зборува Љубинка Ѓеорѓиевска, судија на Основниот суд Скопје 1 Скопје, додека „Актуелните проблеми со кои се соочува установата при прием и третман на децата“ ќе ги изложи Мирјана Златановска, социјален работник во Јавната установа за згрижување на деца со воспитно-социјални проблеми и нарушено поведение „25 Мај“-Скопје.

На тркалезната маса ќе учестуваат и преставници од Министерствата за труд и социјална политика и за внатрешни работи, од Државниот совет за превенција на малолетничко претстапништво, како и претставници на невладини организации.

 

 

Оцени ја веста

22.04.2015 - 09:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега