Државниот врв го осуди инцидентот кај Гошинце

Државниот врв на синоќешниот состанок кај претседателот Ѓорге Иванов го осуди инцидентот на северната граница на Република Македонија и констатира дека надлежните институции ги преземаат сите неопходни мерки и активности за негово расветлување, за пронаоѓање на сторителите и нивно санкционирање. Воедно, државниот врв повикува на одговорно однесување на сите општествени фактори и настанот да не се злоупотребува во какви било цели.

Ова се вели во соопштението од кабинетот на преседателот Иванов кој го свика состанокот, на кој надлежните институции од областа на одбраната, безбедноста и разузнавањето информирале за инцидентот во липковскиот регион.

На состанокот присуствуваа претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски, премиерот Никола Груевски, министрите за внатрешни работи и за одбрана Гордана Јанкулоска и Зоран Јолевски, началникот на Генералштабот на АРМ Горанчо Котески, директорите на Управата за безбедност и контраразузнавање и на Агенцијата за разузнавање, како и раководителот на Службата за воена безбедност и разузнавање при МО на РМ. 

 

 

Оцени ја веста

22.04.2015 - 10:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега