Најчевска со булдожери ќе ги рушела спомениците на народните херои

 

Еден од мегафоните на соросовата фондација во земјава и поранешен претседател на Хелсиншкиот комитет, Мирјана Најчевска, најавува дека со булдожери ќе ги рушела спомениците на народните херои и ќе го завземела Собранието на Република Македонија.

Самопрогласениот борец за демократија и човекови права која смета дека македонскиот народ е глупав, во пост на својот Фејсбук профил вели дека ќе учествувала на сите протести организирани од опозицијата во периодот што следи, како протестот кој за утре од страна на опозициски структури е најавен против законот за давачки, протест на 1-ви мај за работничките права, протестите кои во јавноста ги најавува СДСМ, како и дека ќе излезела да гласа на референдумот за ГТЦ.

-Следен пат кога ќе излезам на протест ќе биде или заедно со булдожери кои ќе ги рушат спомениците од Скопје 2014 или на протести кои ќе завршат со завземање на Собранието на Република Македонија, пишува Најчевска.

Најчевска неодамна коментирајќи го поставувањето на новите споменици во главниот град со споделувањето на информацијата преку порталот Народен глас, уште еден од низата сајтови финансирани од Фондацијата Сорос на Владимир Милчин, напиша  дека “овој народ е едноставно глуп, како цепаница, неделкана“.

КУРИР

 

 

Оцени ја веста

23.04.2015 - 13:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега