ССДСМ и СОРОС ги злоупотребуваат учениците за својата политичка агенда

 

Најголемата опозициска партија во земјава и Соросовата фондација предводена од Владимир Милчин се затскриваат зад учениците, во обид да го реализираат своето сценарио и во овој случај ги користат децата и учениците за подигнување на тензиите во општеството, што е основна цел на таканаречените пленуми.

Прво што доаѓа како факт е дека овие денешни протести на учениците се без повод и без причини, односно не се истакнува ниту едно конкретно барање или потреба, туку се оди со една аморфна флоскула за стопирање на наводно лошите реформи.

Претходно беше постигнат договор помеѓу институциите и учениците со што се потрдвува дека овој протест имаше политичка, а не образовна агенда. На почетокот од април, Владата излезе во пресрет на барањата на средношколците и се постигна договор тие да имаат право на избор, односно математиката нема да биде задолжителна.

Постојат голем број на индикации па дури и докази дека СДСМ и СОРОС стојат позади овие протести. Несоборлив факт е тоа што голем број на ученици пристигнаа во Скопје со автобуси и тоа претежно од Куманово каде што СДСМ е на власт.  При носењето на средношколците со автобуси од градовите со кои раководи СДСМ е јасно дека станува збор за платен превоз, кој самите средношколци не можат да го подмират, што јасно укажува на тоа дека собирот е политички мотивиран.

Дополнително, на денешниот протест се користеше професионално озвучување, се делеше професионално направен рекламно пропаганден материјал. Беџови, маици, транспаренти, спрејови, мегафони, превоз до главниот град заради учество на протестен собир. Ова е само дел од финансиската поддршка која неколкуте ново формирани групации, таканаречени  пленуми, ја добиваат директно од СДСМ и соросовите инсталации во Македонија.

Мал дел од учениците и децата кои се членови на младинската организација на СДСМ и кои го претставуваат јадрото преку кое СДСМ и СОРОС дејствуваат, ги манипулираат, заведуваат и злоупотребуваат останатите ученици. Истите тие денеска држеа говори со класични политички поенти.

Проценките на упатените се дека само за овој денешен протест се направени трошоци од над 100.000 евра кои се финансирани преку СОРОС и неговите невладини организации. Исто така, на протестите можеше да се забележат голем број на повозрасни лица кои имаа за цел да ја зголемат масовноста на присутните.

Познавачите велат дека децата и учениците треба да се остават на страна од политичките злоупотреби и да се фокусираат својата енергија да ја трошат на остварување на подобри резултати во образовниот процес, а не да бидат користени во дневно политички манипулации од кои тие нема да извлечат никаква корист.

КУРИР 

 

 

Оцени ја веста

23.04.2015 - 15:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега