Опожарена трафостаница во Гостивар - екипите на терен

 

Околу 10 часот на ул. ЈНА денеска во Гостивар била опожарена компактно-бетонска трафостаница ТЦ 57.

Како што соопштиле од ЕВН-Македонија, пред трафостаницата се наоѓал стар кревет, кој бил запален, а од таму пожарот зафатил и дел од  конструкцијата на трафостаницата. По кратко време пожарот бил локализиран и констатирана е штета на горниот дел на сите енергетски елементи во трафостаницата, трансформаторот, нисконапонскиот и среднонапонскиот блок.

- Заради зголемена безбедност, за време на поправките исклучени беа околу 300 потрошувачи, кои се напојуваат од оваа трафостаница, стои во соопштението од ЕВН-Македонија. 

Стручните екипи на ЕВН-Македонија заедно со локалната полиција во Гостивар во моментот се на терен, преземени се сите активности за испитување на причините за пожарот и воспоставено е нормално снабдување со електрична енергија за кориснице од опожарната напојна точка. 

 

 

Оцени ја веста

23.04.2015 - 15:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега