Кафеаните и рестораните добиваат продолжено работно време

Владата во Загреб, Хрватска, денеска му испрати предлог на Собранието да им овозможи на единиците на локалната самоуправа сами да одлучуваат за продолжување а работното време на угостителските објекти. Целта е на угостителите да им се излезе во пресрет во екот на туристичката сезона за да можат да остварат поголеми приходи.
Со измените, локалните самоуправи ќе можат да им дозволат на угостителите да го продолжат работното време за најмногу два часа. Тоа значи дека кафеаните и рестораните во Хрватска ова лето ќе можат да работат најдоцна до 2 часот по полноќ, со оглед на тоа што актуелното работно време им дозволува да бидат отворени до полноќ.
Во Македонија угостителите можат да работат до полноќ во работните денови и до 1 часот наутро за време на викендите. Во земјава локалните самоуправи веќе сами решаваат за работното време, па често во Охрид за време на шпицот во туристичката сезона, локалните работат и до 3 часот наутро

 

 

 

 

Оцени ја веста

23.04.2015 - 19:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега