Латас: И Бранко знае дека Заев со сигурност ја губи оваа битка

Кога пукнаа бомбите, Црвенковски го знаеше изворот, а тоа е Верушевски затоа што со него има искуство. Верушевски барал од Црвенковски услуги за синот, а тој добил 2 стана. Верушевски има прислушувано и во СДСМ, на слава кај Хари Костов, вели Драган Павловиќ Латас во Сител 3.

Тој рече дека на сите, а најмногу на Црвенковски му е јасно дека Заев ќе ја загуби оваа битка.

-Црвенковски има децениско искуство со прислушување, знае и дека него го пуштаат и го слушаат во партија. Заев на Алсат кажа дека има снимки од Црвенковски. Пуштија снимка на Црвенковски за договор за општина Карпош. Само Црвенковски знае како ова ќе заврши, рече Латас.

Тој го анализираше писмото на Црвенковски и посочи дека за разлика од Заев, Бранко е политичар. 

-Црвенковски знае дека Заев од оваа утакмица нема да излезе како победник. Тоа најмногу оди во прилог на Бранко. СДСМ за Црвенковски е животно дело. Тој се повлече кога Шекеринска и Заев му ги уништија собирите. Суетата му ја повредија. Ако некој ужива во падот на Заев, тогаш ужива Црвенковски. Тој му погази се. Црвенковски остави да поминат два месеци. Бројот на гледаност на “бомбите“драстично паѓа. Во писмотоБранко  вика „дечко браво, храбар си. Сега тргни се“! Му порачува да си замине. „Јас почнав митинзи, вие ги прекинавте. Сега почнете јас ќе бидам прв“, рече Латас.

Тој вели дека Црвенковски едвај чека да го види падот на Заев и негов човек да застане на лидерската функција.

-Црвенковски ќе го пушти Заев во затвор, како што го пушти во тоа време Амди Бајрам. Око нема да му трепне. На митинзите ќе го снимаат и сликаат Бранко, Заев нема да биде најважен, рече Латас.

 

 

 

 

Оцени ја веста

23.04.2015 - 23:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега