Латас: СОРОС е паралелна власт во СДСМ
За СДСМ е добро што Црвенковски се враќа, затоа што Заев ќе ја потонеше партијата. Тој ќе го спаси СДСМ да не изгори заедно со Заев. Но, тој е внатре да го тргне Заев и да ја спаси СДСМ.
Ова го истакна новинарот Драган Павловиќ-Латас во „Јади бурек“ на Сител3.
-СОРОС е паралелна власт за СДСМ од 1995-та година, која има свои инсталации и кадри во СДСМ. Со СДСМ владее СОРОС од 94-та. Со своите пари, СОРОС го создаде А1 телевизија. Кога некој ќе промрчеше за СДСМ, го имаше на А1. Ги елиминираа нив. Така Шекеринска дојде на Власт. Кога Бучковски беше биран на конгрес, го нападнаа само двајца -Шекеринска и Милчин, рече Латас.
За нив вели дека никој никаде не ги избрал бидејќи тие се невладина организација.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа