Вечерва железничка трагедија пред Велес: Голем број загинати

Доцна вечерва возот кој сообраќал на релација Велес – Скопје удрил во поголема група на мигранти кои се движеле по пругата, јавува Проверено. Според првичните информации има голем број на загинати, но се работи за непристапен терен до каде се стигнува единствено по пруга. Тоа веројатно е причината поради која мигрантите немале можност каде да побегнат. Теренот ја попречува и работата на спасувачките екипи. Според првичните информации се работи за пределот во близина на стојалиштето Пчиња. Полициски екипи и јавен обвинител заминале на терен со помош на возило од македонски железници, но отежната е можноста за работа токму поради лошиот пристап до местото. Помош е побарана од повеќе надлежни институции но засега без резултат.

 

 

Оцени ја веста

24.04.2015 - 00:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега