Телата на загинатите мигранти во страшната железничка несреќа во капелата во Велес

Возот кој сообраќа на релација Солун – Белград доцна синоќа удри во поголема група на мигранти кои се движеле по пругата. Телата на 14 загинати мигранти во големата трагедија се наоѓаат во капелата на градските гробишта во Велес, информира Анита Стојковска, портпарол на СВР Велес, за МИА.

На местото на железничката несреќа веднаш стигнале екипи на прва помош од Скопје и Велес, јавен обвинител и стручни лица на Македонски железници.

Инаку, осум мигранти се приведени и се наоѓаат во Полициската станица во Велес, а имало и поголема група мигранти кои успеале да побегнат од местото на големата трагедија.

 

 

 

Оцени ја веста

24.04.2015 - 09:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега