Во бизарна несреќа загина дедото на заштитениот сведок во случајот „Oреше“

51-годишниот Ѓоре Ѓурчиновски, татко на сопругата на Златко Арсовски, познат по тоа што беше заштитен сведок со кодно име Бреза во случајот со нарачаното убиство во селото Ореше, загинал во бизарна несреќа. Како што јавува Дневник, од семејството на починатиот околу 11 часот се јавиле во полицијата да пријават дека тој бил прегазен од трактор во дворот од семејната куќа. Ѓоре го стартувал тракторот за да оди на нива, но во еден момент се симнал од возилото, а тогаш тракторот се придвижил и го прегазил.

За потсетување, Ѓурчиновски беше сопственик на продавницата во Ореше, која изгоре во подметнат пожар пред еден месец. 

 

 

Оцени ја веста

24.04.2015 - 09:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега