Нови детали за страшната железничка несреќа пред Велес

Основното јавно обвинителство Велес ја продолжува истрагата за железничката несреќа што се случи синоќа околу 22:30 часот на железничката пруга Велес – Скопје каде беа прегазени 14 мигранти од Авганистан и Сомалија.

- Се сознанија дека се работи за мигранти од Сомалија и од Авганистан кои се движеле по пругата во група и во моментот кога го слушнале звучниот сигнал тие успеале да го избегнат ударот на возот скокајќи од пругата во околниот простор. Според машиновозачот на патничкиот експресен воз број 334 кој сообраќа на релација Гевгелија-Белград движејќи се во правец кон Скопје по изминувањето на железничката станица „Рајко Жинзифов“ на околу 50-100 метри пред возот, забележале поголема група, која броела повеќе десетици лица, како стои или оди по пругата и иако дал звучен сигнал и се обидел да запре, мигрантите биле прегазени, соопштија од ОЈО Велес.

Основен јавен обвинител од Велес заедно со увидна екипа на СВР Велес и медицински лица од Амбулантата за Брза помош во Велес излегле на лице место и извршен  увид, при што е констатирано дека на пругата се усмртени 14 лица. Повредени лица не се затекнати на местото на настанот.

 

 

Оцени ја веста

24.04.2015 - 09:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега