Еко-самит за еколошка едукација во образовниот систем

 Во организација на „Здружението за едукација, комуникација и консалтинг ОХО“, а во соработка со Министерството за образование и наука денеска во Скопје ќе се одржи шестиот Еко-самит.

Еко-самитот е дел од програмата Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем.

Во рамки на саемот ќе бидат доделени наградите на воспитно образовните институции, кои постигнале високи стандарди во имплементирањето на еколошки програми за едукација и управување со институциите во рамките на програмата „Како да се стане еко-училиште“ за учебната 2013/2014 година.

Ќе биде доделена и наградата „Зелено знаме“ како највисоко достигнување на програмата и признанија за бронзено и сребрено ниво, кои претставуваат меѓународни сертификат за исполнување на еко стандарди во работата на училиштата и градинките. 

 

 

Оцени ја веста

24.04.2015 - 09:49
Фото: 
МИА

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега