Листа српска се враќа во косовскиот парламент

Листа српска,чии претставници речиси три месеци ја бојкотираа работата на косовскиот парламент и не учествуваа во владата, донесе одлука за враќање во институциите на Косово.

За оваа одлука партијата информира преку соопштение, во кое стои дека Листа српска на овој чекор се одлучила по разговорите со владините коалициони партнери, Деморатскиот сојуз, на премиерот Иса Мустафа и Демократската партија на Хашим Тачи, од кои „ добила гаранции дека ќе и бидат исполнети барањата“.

-Едно од дадените ветувања е и тоа дека во иднина нема да бидат донесувани еднострани одлуки, без да биде консултирана Листа српска.Ова,посебно, кога станува збор за приватизација на јавни претпријатија во делот каде што Србите се мнозиснтво, -пренесуваат косовските медиуми.

Друго ветување кое и е данено на партијата е во врска со економскиот развој на делот каде што живеат Србите, додека другите се однесуваат на заштитата на српските цркви и манастири и застапеноста на Србите во институциите на сите нивоа. 

Десетте српски пратеници го бојкотираат косовскиот парламент од трети февруари, кога премиерот Мустафа го разреши лидерот на Листа српска Александар Јабановиќ, од функцијата министер за заедници и враќање.

Косовската опозицијата бараше смена на Јаблановиќ откако во почетокот на јануари тој Албанците во Ѓаковица ги нарече дивјаци бидејќи не им дозволиле на раселените Срби да го посетат градот. Дојде и до насилни демонстрации на кои беше побарано и смена на Јаблановиќ.

 

 

Оцени ја веста

24.04.2015 - 09:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега