Латас: СДСМ досега не презентираше никакви незаконитости во прислушкуваните разговори

Во досега објавените прислушкувани раговори, како што посочи новинарот Драган Павловиќ-Латас во емисијата „Јади бурек“ не беа презентирани никакви незаконитости.

- Јас не видов никаков криминал досега. Што има криминално во раговорот меѓу Јанкулоска и Ставрески, еве да земеме дека таков разаговор постои, ако они разговараат дека некој трет министер бил дебел, глуп или незнам каков, нема ништо криминално во тоа, нити пак во тоа што Пишев мисли за Бонева дали е она ваква или онаква, посочи Латас.

Тој вели дека СДСМ моментално е на дното и дека Зоран Заев објавува само малски оговарања.

- Заев доаѓа на прес и почнува да објавува прислушкувани  разговори и тој сам одлучува што е приоритено, а што не. Во првите 5 објавени имаше разговори за Бонева,, си прави малско оговарање што одговара на неговиот менталитет и неговите кондури број 39. Не зе заниамва со некои инвеститори,  туку се занимава со малски разговори, истакна Латас.

Доказ за тоа дека разговорите се монтирани, нагалси Латас е и тоа што Заев пред самите разговори кажува што ќе чујат граѓаните во нив, по што дава и негов сопствен заклучок.

-Те воведува, ти го пушта разговорот што тој го сака и како сака да го слушнеш, рече Латас, додавајќи дека секој кој малку се занимава со аудио ќе сфати дека има три парчиња се монтирани да личат како едно, а ако слушнете ќе видите разлика во позадинските шумови, во еден од разговорите на Јанкиески има толку нагли резови што се слуша како со кола стои на семафори и има свирење, па има мирна позадина. Во друг на  Груевски и Јанакиески  има два разговори во два различни дена во едниот збори во идно време, а тој вика сега. И двата се мнотирани и прикажани како еден разговор, посочи Латас.

 

 

Оцени ја веста

24.04.2015 - 10:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега