Кантонот Сараево би можел да банкротира доколку бидат наплатени тужбите против него

Во сараевскиот Општински суд минатата година биле поднесени 12.381 тужба против Владата на Кантонот Сараево и доколку се започне со нивна наплата тогаш Кантонот би банкротирал.

Од судот наведуваат дека се решени 6.094 тужби. Голем број од тужбите се однесуваат на непочитување на колективните договори и на повеќе од 10 милиони евра.

Во 2010 година побарувањата кон Кантонот Сараево врз основа на тужби од работно-правен карактер изнесувале над 24 милиони конвертабилни марки (над 12 милиони евра), без судски трошоци и камати.

 

 

Оцени ја веста

24.04.2015 - 11:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа