Денеска средба Коѕиас - Нимиц

Грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас денеска во Њујорк ќе се сретне со медијаторот Метју Нимиц.

Како што соопшти грчкото МНР, средбата ќе се одржи во девет часот по локално време во просториите на Постојаната мисија на Грција во Обединетите нации.

Коѕиас потоа ќе има средба и со генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки-мун, по што ќе дадат и изјави за медиумите.

Други детали за средбите не се соопштуваат. 

 

 

Оцени ја веста

24.04.2015 - 11:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега