Латас: Борјан Јовановски вршел притисок кај Филимена за да се местат судски одлуки

Во прислушуваните разговори беше објавен разговор во кој јас барам сердба со Филимена Манева, зачи барам средба, а на помош за пресуда, јас жената сум ја видел еднаш пред тој разговор, истакна Драган Павловќ- Латас во емисијата „Јади бурек“.

-Јас од Борјан сум прозван дека сум вршел притисок на судот, а Борјан е тој што барал од Филимена да му смени пресуда при разводот со првата сопруга, со која граделе заедно куќа на три спарата. Борјан иде кај Филимена да ургира да се донесе пресуда тоа што го изградиле заедно со претходната жена, да остане на него и на втората жена, рече Латас.

Латас во врска со испратениот венец во домот на новинарот Борјан Јовановски вели дека е само пропаганден трик кој тие самите си го направиле.

 -Зошто на Стевче Јакимовски кога му испратија венец тоа не било ништо страшно, а сега кога му испратија на Борјан е нелегално. Венецот е пропаганден трик. Зошто на Јакимовски може да му стават венец  тоа не било ништо, а сега на Борјан е нелегално. Со кое право венецот за кој знаеме дека го испратил СДСМ е легитимен, а венецот кој не знаеме кој го ставил е нешто страшно. Јас до тој момент го поддржував Борјан, се додека новинари блиски до опозицијата утредента не излегоа на протест. Венецот е доставен од соросоидите за да се употреби утредента во пропагантни сцени, рече Латас во емисијата „Јади бурек“.

 

 

Оцени ја веста

24.04.2015 - 11:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега