Откриени луѓето кои ги поставија бомбите пред полициската станица во Куманово?

Две лица на возраст од 38 и 44 години од кои едниот, како што објавија некои медиуми кои известуваат на албански јазик е поранешен припадник на УЧК вчера беа уапсени во Куманово. Кај еден од нив, како што дознава Press24 од полициски извори, биле пронајдени 4 прачки од по 200 грама пластичен експлозив или вкупно 800 грама експлозивна материја. 
Познавачтие велат дека само една прачка од 200 грама е доволна за да убие неколку луѓе, додека со целиот експлозив од 800 грама може да се нанесе голема штета. 

На крајот на минатата година, поточно на 10 декември одекнаа две експлозии во близина на полициските станици во Тетово и во Куманово. Од МВР велат дека се уште немаат докази за апсењето да го поврзат со бомбата пред станицата во Куманово. 

Сепак, неофицијални извори на Press24 велат дека оваа можност полицијата се уште не ја отфрлила и дека интензивно се истражува. 

 

 

Оцени ја веста

24.04.2015 - 11:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега