Спречена трагедија: Тетовчанец спаси тинејџерка која сакала да се самоубие

Драма во Тетово синоќа заврши со среќен крај. Седумнаесетгодишна девојка од тетовско околу пладне се обидела да  си го одзеде животот, сакајќи да скокне од металната ограда кај железничкиот премин во близина на „Жито Полог“ во Тетово, но за среќа случајниот минувач, Д.М. кој ја забележал младата девојка реагирал на време и ја спасил.

Девојката била пренесена во тетовската клиничка болница, укажана и е соодветна помош, а потоа пуштена е дома, благодарение на 30-годишниот тетовчанец.

Во полициска станица биле повикани и нејзините родители за да се разговара за мотивите кои ја натерале малолетничката да посака да си го одземе животот.

 

 

Оцени ја веста

24.04.2015 - 12:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега