Пијан скопјанец дивеел на Партизанска

Околу 04 часот и 30 минути на раскрсница од булеварот „Партизански Одреди“ и улицата „Франклин Рузвелт“ при вршење на сообраќајна контрола од страна полициски службеници било запрено патничко моторно возило „ Голф“ со скопски регистерски ознаки управувано од 40-годишниот Г.И. од Скопје откако истиот предходно на семафор поминал на црвено светло. При превземање на службено дејствие од страна на полициските службеници Г.И. почнал да ги навредува и омаловажува по што е приведен во Полициска станица Центар и по извршено алкотестирање  кај истиот е утврдено присуство на 3,50 промили алкохол. По целосно расчистување ќе следи соодветен поднесок.  

 

 

Оцени ја веста

24.04.2015 - 13:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега