Битола: Малолетници и приредиле хорор на 70-годишна старица

СВР Битола поднесе кривична против 14-годишни малолетници кои на 16 овој месец околу 11 часот и 45 минути во близина на  „Црн Мост“ во Битола почнале да следат 70 годишна жена. Кога стигнале на улицата Никола Ѓоргиевски-Никлец“ сите се нафрлиле врз жената, ја собориле на земја, ја удирале со раце и нозе и се обиделе од чантата да и го одземат паричникот, при што го искинале. Бидејќи жената давала отпор и наглас викала за помош, пријавените се откажале од намерата а таа од ударите се здобила со телесни повреди.

Од страна на Судија на претходна постапка на двајца од пријавените им одреди мерка притвор во траење од 30 дена.

 

 

Оцени ја веста

24.04.2015 - 13:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега