Трагедија: Почина познатата актерка на Турскиот театар

По кратко боледување, на 76-годишна возраст, почина актерката Сузан Максут, доајен на НУ Турски театар.

Од 1962 година е член на ансамблот на Турската драма при Театарот на народностите каде што има одиграно голем број улоги се до пензионирањето во 2001 година.

Актерката Сузан Максут ќе биде запаметена по многу успешно одиграни улоги.

Попознати актерски остварувања се Дездемона во „Отело“, Мерима во „Омер и Мерима“, Катрин Хауп во „Мајка храброст“, Ширин во „Легенда За Љубовта“, Медеа во „Медеа“, Ајше во „Цвеќарот Али“, Виолета во „Убавината чекори сама“, Хајди во „Хајди“, Зејнеп во „Алиш“, Клер во „Слугинки“, Фјокла Ивановна во „Женидба“, Шарлота во „Дон Жуан“. 

Добитник е на наградите Актер на годината на весникот „Бирлик“ (1969) и Награда на Град Скопе 13 Ноември (1974).

Учествува во голем број телевизиски, филмски и радио-проекти. Играла во филмовите „Најдолгиот пат“ (1976), „Исправи се, Делфина“ (1977), „Време, води“ (1980) и „Македонска сага (1993).

 Погребот ќе биде во 16 часот на гробиштата Бутел.

 

 

Оцени ја веста

24.04.2015 - 14:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега