Дејселблум: Грција треба да оствари поголем напредок во реформите

Грција треба значително да напредува на планот со реформите, ако сака да ги добие кредитите, изјави денеска претседателот на Еврогрупата Јерун Дејселблум.

Тој, на денешната средба на 19. министри за финансии од еврозоната во Рига, посочи дека на Грција и истекува времето во кое треба да обезбеди пари за да избегне банкрот.

Грција треба да достави список со реформи, кој ќе биде одобрен од европските партнери за да ги добие останатите 7,2 милијарди евра од спасувачкиот финансиски пакет. 

Дејселблум ја исклучи можноста кредиторите да изнајдат компромисен договор, со кој Грција ќе добие дел од сумата за спас на економијата.

- Атина има вина за загубеното време за подготовка на програма за финансиска помош за Грција, истакна претседателот на Еврогрупата, додавајќи дека грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис бил критикуван на средбата.

 Еврогрупата повторно ќе разговара за програмата за спас на Грција на 11 мај, на следната редовна средба во Брисел.

 

 

Оцени ја веста

24.04.2015 - 15:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега