НОВИ ДЕТАЛИ: Крв и тела на сите страни - мигрантите седнале да јадат кога наишла локомотивата

Импровизираното одморалиште на неколку метри од пругата кај Пчиња било кобно за 14 мигранти од Сомалија и Авганистан кои завчера беа покосени од патничкиот воз што налетал на групата од 50 илегалци кои на ова место застанале да јадат и да одморат. Како што објави ДНЕВНИК, поголема група Сомалијци и Авганистанци завчера вечерта одлучиле на ова место да здивнат од долгиот пат од Гевгелија до Скопје, а за жал тоа било кобно за нив.

Звукот од сирената на возот кој доаѓал од зад грб ги прекинал во јадењето додека седеле на шините, а за жал, тие што биле најблиску не успеале да ја избегнат трагедијата. Иако сопирал, возот носел се пред себе уште стотина метри. Телата на прегазените мигранти биле расфрлани од двете страни на шините во должина од 100 до 150 метри.

На местото на настанот имало крв, делови од облека, крвави јакни, но и чисти килоти, патики, векни леб и други остатоци од храна.

ПОВЕЌЕ НА ДНЕВНИК

 

 

Оцени ја веста

25.04.2015 - 10:21
Фото: 
МИА

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега