Политичар со метла си ја претепа поранешната љубовница

Слаџана Џорџевиќ од Алексинац, Србија, била претепана од политичарот Момчило Атанасковиќ, заменик претседателот на општината во Алексинац, кој порано бил нејзин љубовник.

Според податоците на српскиот Курир, тој ја претепал девојката со која бил една година во врска бидејќи се сомневал дека му работи зад грб зошто не ја вработил во Општината. До расправијата дошло во средата навечер пред куќата на Момчило.

- Бевме година во врска, ми вети работа бидејќи сум самохрана мајка, но не го исполни ветувањето. Пред три години откако раскинавме добив отказ зошто не сакаше да бидам во близина, вели Слаџана за Курир.рс и додава дека го молла да ја врати на работа заради детето, но не сакал. 

Кога се сретнале последен пат, со метла ја истепал пред очите на нејзината 15-годишна ќерка.

Политичарот ќе одговара за делото.

 

 

Оцени ја веста

25.04.2015 - 10:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега