Крвава ноќ во Кичево: Го нападнале со нож во кафуле

Крвава драма се одвивала синоќа во Кичево. Дваесетина минути по полноќ во угостителскиот објект „Спорт Кафе“ по предходна расправија, 42-годишниот С.И. физички го нападнал десет години помладиот Џ.Е. и со нож му нанел телесна повреда во пределот на раката и грбот.

Според податоците од полицијата, Џ.Е. бил веднаш пренесен во Медицинскиот Центар во Кичево.

Насилникот е приведен, а полицијата работи на расчистување на случајот.

 

 

 

Оцени ја веста

25.04.2015 - 13:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега