Потоп во Гевгелиско - каде нарна најмногу дожд?

 

Средните измерени температури во Македонија во текот на минатиот месец се пониски за околу еден степен, но просечните врнежи се повисоки од просекот за два до три пати. 

Мерењата на Управата за хидрометеоролошки работи покажуваат дека температурата се движеше од 1.5 степени во Маврово, 3,7 во Берово, 5,1 во Крива Паланка, 6 во Охрид, 6,3 во Прилеп, 6,6 во Битола, 7,9 во Штип, 8 во Струмица и Скопје, 8,8 во Демир Капија до 9.2 степени во Гевгелија.

Средно месечните максимални температури се пониски од просечните за 2-3 степени, средно минималните пониски за 1-4 степени, а измерените екстремни температури не ги надминуваат вредностите кои се регистрирани во текот на целиот мерен период.

Најмногу врнежи наврнале во Гевгелиско-Демиркапискиот регион, во Гевгелија 154 мм,  Демир Капија 128 мм, Битола 105 мм, Берово 86 мм, Струмица 83 мм, Штип 80 мм, К.Паланка 74 мм и Скопје 64 мм. Особено врнежливи беа првата и третата декада од март.

Најмногу дож наврнал на 6, 7 и 28 март и и тоа 47 мм во Гевгелија до 21 мм во Скопје. Максималните дневни количества на врнежи во март на ниту едно мерно место не ја надминаа досега измерената многугодишна апсолутна вредност. 

 

 

Оцени ја веста

25.04.2015 - 14:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега