„Кажете им, дојде Никола Груевски во Охрид и ви порача, ќе ве победиме“
Премиерот Никола Груевски денеска во Охрид му порача на СДСМ дека битката ќе ја добие со нокаут.
„Македонија е градена низ предизвици и искушенија, низ една долга историја.
Се наоѓаме во такви и ние и нашата генерација и ја имаме одговорноста да опстоиме во нашата битка за подобра и просперитетна Македонија со повеќе можности за идните генерации!
Дневната битка со овие на кои којзнае што се може да им падне на памет, ние на крај ќе ја добиеме, и тоа по истиот принцип по кој Касиус Клеј ги добиваше мечовите. Со нокаут и тоа во ситуација во која противникот мисли дека овој само што не паднал.“ – рече премиерот Груевски
Тој им упати порака и на членовите и симпатизерите на СДСМ
„Дојде Никола Груевски во Охрид и ви порача, ќе ве победиме! Народот е со нас! Ќе ве победиме! Ќе ве победиме така јако, што нема да сте свесни што ви се задесило! И кога победата ќе дојде, нека не се плашат, ние нема да се светиме, и не се закануваме, како тие што прават или како што многумина сакаат, туку ќе ве погледнеме во очи и ќе ви кажеме ова е наша заедничка држава и ние работиме за неа!
ВМРО-ДПМНЕ е вградено во темелите на оваа држава уште од своето основање и наша задача е да ја штитиме Македонија и нашиот народ, и сите граѓани кои живеат во неа, да работиме за доброто на државата и тоа ќе го правиме!“ – изјави Груевски
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа