Пред да тргнете на пат прочитајте ја оваа вест
Поради појава на свлечиште на патниот правец А3 Прилеп – Ресен, на обиколницата на Битола, сообраќајот е се уште во прекин. Возилата се пренасочуваат низ Битола.
Поради санација на свлечиште, патниот правец кај делницата од браната Маврово до селото Маврово ќе биде затворен за сообраќај за тешки товарни возила и автобуси во период од два месеца.
Сообраќајот за патничките возила се одвива по постоечка девијација, согласно сообраќајниот проект за времен режим на сообраќај, одобрен од Министерството за транспорт и врски.
Сообраќајот за тешки товарни возила и автобуси може да се одвива преку селото Леуново.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани - Делчево, Виница - Берово, каде е можна почеста појава на одрони.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа