Уживајте во сонцето - од утре ќе посакате да не мора да излезете од дома
Денеска времето ќе биде претежно сончево, наутро и претпладне, додека попладне само локално ќе има мало зголемување на облачноста, но без поголеми услови за врнежи. Ветерот ќе биде претежно слаб.
Максималната дневна температура ќе има вредност околу 20°С во најголем дел од населените места низ земјата. Само малку потопло ќе биде во повардарското подрачје, каде максималната температура ќе има вредност во границите од 23°С до 26°С.
Во Скопје се очекува претежно сончево време. Минималната температура ќе има вредност околу 8°С. Максималната дневна температурата ќе достигне до 23°С.
Во почетокот на наредната седмица локално врнежите ќе бидат поројни, проследени со грмежи.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа