Страшна сообраќајка: Излетал од патот и се превртел - скопјанка замина во смрт

Дваесет и пет минути пред полноќ  во селото Моране се случила страшна сообраќајна незгода. Според податоците од полицијата, се судриле возило „Цитроен Ксантија“ со скопски регистерски ознаки,  управувано од страна на 24-годишниот В.Ј. и „Фиат Чиквеченто“ исто така со скопска регистрација управувано од  27-годишниот Н.Д. од Скопје. По сударот „Фиат Чиквечентото“ излетало од коловозот и удрило во дрвени столбови со жичана ограда и дрвја што се наоѓале во нива,  по што истото се превртело. Повредените со возило на Брза помош сведнаш биле пренесени во Ургентниот Центар во Скопје.

Со тешки телесни повреди се здобил возачот Н.Д. и Шиме С. (61) сопатничка во Фиатот, која за жал денеска околу 3 часот по полноќ им подлегнала на повредите. Со телесни повреди се здобил возачот В.Ј. и Г.П.(21), инаку сопатник на „Цитроен Ксантија“ и С.Т (37) и А.С. (28) сопатници од другото возило. 

Полицијата работи на случајот.

 

 

Оцени ја веста

26.04.2015 - 11:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега