ЕКСКЛУЗИВНО: Голема акција во моментов - полициските специјалци „тресат“ околу Гошинце

Голема полициска акција од рано утринава се одвива во реонот околу селото Гошинце, каде минатата недела беше нападната една полициска караула, дознава Press24 од полициски извори. Според нашите информации, по истрагата за нападот врз караулата полицијата дошла до оперативни сознанија за местото каде што терористите го скриле оружјето кое го украле од караулата.
Нашиот извор вели дека по обезбедени судски наредби, извршени се повеќе претреси во Малино и пронајдено е дел од полициското оружје кое беше украдено.
Од МВР за Press24 и официјално потврдуваат дека од рано утрово спроведуваат акција во регионот околу Гошинце но не откриваат повеќе детали бидејќи како што велат, акцијата е се уште во тек

Поврзани вести:

Се потврдуваат првичните соменија за групата која го изврши нападот во Гошинце - пронајдено дел од оружјето

 

 

Оцени ја веста

26.04.2015 - 13:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега