Се потврдуваат првичните сомненија за групата која го изврши нападот во Гошинце - пронајден дел од оружјето

Откриено дел од оружјето кое беше украдено при нападот на караулата во Гошинце. Полициски извори за Press24 велат дека по денешната акција се потврдуваат сомненијата за групата која го извршила терористичкиот чин.
Од МВР за Press24 веќе потврдија дека нивните екипи се на терен и дека по добиена судска наредба вршат претреси на повеќе локации во Малино.
Станува збор за село кое е во близина на Гошинце а од полицијата велат дека акцијата се уште е во тек па повеќе информации најавуваат по нејзиното звршување.

ЕКСКЛУЗИВНО: Голема акција во моментов - полициските специјалци „тресат“ околу Гошинце

 

 

Оцени ја веста

26.04.2015 - 13:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега