Анкета: Мнозинството Грци сакаат компромис со кредиторите

 

Мнозинството Грци сакаат Атина да постигне компромисна спогодба со странските кредитори за да се избегне ризикот од излегување од еврозоната, покажува истражувањето на агенцијата Капа рисрч, чии резултати ги објави весникот „Катимерини“. 

Резултатите од анкетата покажуваат дека 71,9 отсто од грчките граѓани сакаат спогодба со кредиторите, а 23,2 отсто сметаат дека Владата треба да ги отфрли сите компромиси. 

Според 72,9 отсто од анкетираните Грција треба да остане во еврозоната, а 20,3 проценти сметаат дека за земјата е подобро да ја врати драхмата.

Резултатите покажуваат дека 68,8 отсто од Грците стравуваат дека земјата ќе излезе од еврозоната, додека 24,1 отсто сметаат дека ризикот е избегнат. 

Околу 80 отсто од Грците сакаат земјата да остане членка на Европската унија, а 73,7 отсто го поддржуваат членството во НАТО

 

 

Оцени ја веста

26.04.2015 - 14:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега