Голема трагедија на патот Тетово-Гостивар: Загина млада девојка - едно лице се бори за живот

Уште една страшна сообраќајна несреќа ја потресе Македонија. Околу 16 часот и 30 минути на стариот пат кај Тетово-Гостивар кај „Неготинска клучка“ возило БМВ со италијански регистарски ознаки излетало од патот и се превртело. Во него се превезувале седум лица, а за жал на местото на настанот починала 15-годишната Лиридона Алиа. Еден од патниците во автомобилот се бори за живот и моментално се транспортира кон Ургентниот во Скопје, додека на останатите пет лица кои се повредени им се укажува помош во Медицинскиот Центар Гостивар.

 

 

Оцени ја веста

26.04.2015 - 18:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега