Героски и Спасов се “запукаа“ - Заев проба да балансира, но Героски луто му одговори!

Раздор, тензии и расправии во опозицијата и нјзините најистурени експоненти по вчерашниот неуспеен на референдум во Општина Центар кој пропадна поради немањето цензус од 50 отсто, односно  на истиот не излегоа повеќе од половина од запишаните избирачи во општината.

Откако граѓаните ја казнија деструктивната политика на Заев и Жерновски во опозицијата владее атмосфера на поделби, критики, разногласија и несогласувања.  Главниот стратег на опозицијата Бранко Героски во својата колумна жестоко распали по опозицијата за неуспехот. Тој ја искритикува опозицијата дека не знаеле да изработат позитивен референдум и индиректно ги обвини дека се одговорни затоа што според него не знаеле вистински да организираат кампања и недоволно работеле на задачата.

-Да се разбереме добро. И јас сум зависник од Фејсбук. И јас сакам лајкови и шерови. И Твитер ми е забавен. И јас сакам ивенти. Оние гушкања за ГТЦ беа забавни. Сето тоа е убаво и потребно. И симпатично. Но, тој што помислил дека така се прави кампања за референдум или за избори, тој нема поим што е политика! Да бидам искрен, мене работава ми изгледаше вака – седнале деца на Фејсбук и си играат политика. Без митинзи и масовни собири со граѓаните, без жешки говори, без одење од врата на врата (конкретно, на вратите на 40.000 избирачи), без макотрпна работа на терен 24 часа дневно, конечно без обмислена и сериозна медиумска кампања, нема успех на избори, напиша Героски.

На ваквите ставови на Героски се спротивстави првиот човек на агенцијата „Рејтинг“ Ѓорѓи Спасов, чија анкета за ГТЦ објавена пред само неколку дена се покажа како тотално промашување.  Спасов му порача на Героски дека апсолутно не бил во право, односно новинарот бил “опседнат со силата на бојкотот“.

-Можеби ти знаеш да организираш во вакви услови многу подобри кампањи, и тоа не е лошо да го покажеш во некоја наредна прилика, кога ќе оцениш дека се создадени услови не само за бојкот туку и за избори. За разлика од тебе јас мислам дека референдумот беше една конечно нормална работа во услови на општа ненормалност, напиша Спасов, по што Героски возврати:

-Што се однесува до "модерната кампања", предложете им ваква кампања на СДСМ и на следните избори. Тие умираат од желба да изгубат, ама да бидат и "модерни" и "морални победници", напиша Героски.

По ваквата преписка на опозициските експоненти со свој коментар се јави и претседателот на СДСМ, Зоран Заев, кој се обиде да балансира помеѓу Героски и Спасов, но Героски и на него налутено му напиша, “не ме импресионира вашето ласкање“.

-Немојте да бидете храбри борци кои при првата помисла дека непријателот против кој се бориме ќе искористи наш половичен успех или неуспех ... веднаш почнуваме да бараме кој тоа е виновен. .. нема овде виновни, напиша Заев.

Героски му порача на Заев дека од иницијаторите на референдумот  не очекува фалбаџиство какво што чита, туку реална анализа и самокритика.

- Како лидер на опозицијата можеби имате обврска да настапите со вакви оценки, но морам да ви кажам дека не ме импресионира вашето ласкање, напиша Героски.

КУРИР

 

 

 

Оцени ја веста

27.04.2015 - 09:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега