Влегов во куќата и видов како Смилјана лежи мртва на подот - Зоран ја претепа до смрт својата родена мајка

Нова ужасна семејна трагедија ја потресе Србија. Син ја претепал до смрт својата мајка. Полицијата го уапсила Зоран Исаковиќ (47) од Богатица поради сомневање дека во саботата во семејната куќа ја убил својата мајка Смилјана Исаковиќ (80,  дознава српски Ало

- Седеше на прагот и повторуваше како го нападнал некој и тој само се бранел. Спомнувапе некое дете и во нитуеден момент не бешпе свесен за злосторството кој го направи. Се посомневав дека нешто не е во ред и влегов во куќата. На подот лежеше мртва Смилјана, а главата и беше потполно смачкана, раскажува нивниот прв сосед. 

Според неофицијални извори убиството  се случило по расправијата со неговата мајка, Зоран замал тап предмет и со тоа ја тепал својата родена мајка. 

- Зоран многу ја сакаше својата мајка и ја викаше - „моја  мати“, повторуваше дека ќе умре ако на неа и се случи нешто. Очигледно е дека несвесно го направил убиството и ќе му биде уште потешко кога ќе сфати дека дигнал рака на неговата родена мајка, раскажува сестрата на Зоран.

Зоран бил хронично болен, но не бил агресивен. Ком уницирал со луѓето од селото, никогаш на никој не им претеше. 

 

 

 

 

Оцени ја веста

27.04.2015 - 09:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега