Оставка на Жерновски по големиот пораз на референдумот во Центар

Еден од главните опозициски новинари и поддржувач на политиките на СДСМ, Зоран Димитровски- Жоро од Фокус преку својот Фејсбук профил побара градоначалникот на Центар Андреј Жерновски да си поднесе оставка.

-Жерновски да си поднесе оставка! Тоа е најмалку што може да го направи во моментов!, напиша Димитровски.

Подоле во коментарите Димитровски допишува дека Жерновски и нанел штета на опозицијата и дека е јасна волјата на граѓаните.

-Жерновски треба да сноси одговорност зашто сметам дека и нанесе штета на опозицијата, додава опозицискиот новинар.

За потсетување, референдумското прашање на Жерновски за зачувување на изгледот на ГТЦ доживеа огромен неуспех, дури 60% од граѓаните не ја поддржаа иницијативата на Жерновски.

 

Поврзани вести:
 

 

Оцени ја веста

27.04.2015 - 10:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега