ОН добија петиција со осум милиони потписи против нуклеарното оружје

 

Во седиштето на Обединетите нации во Њујорк е предадена петиција со осум милиони потписи, со која се бара светот да биде ослободен од нуклеарното оружје. 

Петицијата е предадена на шефот на Канцеларијата на Обединетите нации за разоружување Анџела Кејн, во пресрет на конференцијата за ревизија на Спогодбата за неширење на нуклеарното оружје.

Оваа конференција се одржува на секои пет години, а експертите наведоа дека на овогодишната не се очекува некој голем чекор напред, особено во однос на затегнатите односи меѓу САД и Русија. 

Пред седиштето на светската органзиација се собраа повеќе илјади лица, меѓу кои голем број од Јапонија.

Кејн, стоејќи покрај големиот број кутии со петицијата, изјави дека и таа самата потпишала ваков сличен документ кога била во Јапонија. 

Таа истакна дека во петокот разговарала со генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун и им порача на собраните луѓе дека таа е на нивна страна. 

На маргините на состанокот се очекува американскиот државен секретар Џон Кери да се сретне со иранскиот министер за надворешни работи Џавад Зарифи, што ќе биде нивна прва средба со маратонските преговори, кои завршија со рамковна спогодба за нуклеарната програма на Иран. 

На конференцијата, по две децении отсуство, ќе присустува и Израел како набљудувач.

 

 

Оцени ја веста

27.04.2015 - 10:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега