ВМРО-ДПМНЕ Прилеп: Низа проекти за подобро образование
Квалитетното образование во секоја држава претставува една од најклучните алки за успешен прогрес и нејзин напредок, велат од ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.
Во продолжение следува интегрален текст од нивната прес-конференција
ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија која инвестира во сите области, особено внимание посветува во реализацијата на проекти од областа на образованието.
Во ООУ„Кире Гаврилоски-Јане” со помош на средства обезбедени од општината, успешно е извршена санација на санитариите како и поставување на нови подови, проект во висина од 1.800.000 денари. Во ООУ„Климент Охридски” покрај замената на постоечките врати со нови ПВЦ во 14 училници, поставени се нови подови од линолеум со еколошки својства. Училишната сала покрај промена на вратите доби нов под со спортски карактеристики. Извршено е и уредување на училишниот двор со поставување на нови бехатон плочки и направена е комплетна промена на фекалната, атмосферската и водоводната мрежа. Покрај реновирање на санитарните јазли, отворен е и продолжен престој (проект кој не беше предвиден во програмата на ВМРО-ДПМНЕ, а го реализиравме на барање на граѓаните). За реализираните проекти во ова Основно училиште, беа издвоени средства од Општината во висина од над 4 милиони денари.
Во населбата Варош е извршена целосна реконструкција на ООУ „Блаже Конески” и инсталирано е централно парно греење на течно гориво, инвестиција во висина од 1.900.000 денари. Покрај промената на плочки во ходнкот на прв кат, реконструирани се санитариите и дел од влезот во централното училиште, реализација во висина од 1.700.000 денари, средства обезбедени од Општината.
Во ООУ„Добре Јовановски” изградено е игралиште со вештачка трева, а во тек е и изградба на спортска сала, преку соработка на Министерството за образование и Агенцијата за млади и спорт.
Во Основното музичко училиште „Ордан Михајловски Оцка” поставена е громобранска инсталација за заштита на објектот, покрај поставувањето на новиот систем за централно греење, проекти финансирани од oпштината.
Во ООУ„Круме Волнароски” во село Тополчани, е поставена нова електрична инсталација. Извршена е реконструкција на кров и тавани во подрачните училишта во село Ново Лагово и село Галичани. Со помош на средства од МОН поставено е ново монтажно училиште во село Чепигово, a пред само неколку недели беше ставено во употреба училиштето во село Беровци.
Ова се само дел од реализираните проекти од областа на основното образование во која ВМРО-ДПМНЕ секојдневно вложува. Секоја инвестиција во образованието гради подобра и просперитетна иднина за сите нас. Затоа продолжуваме со инвестициите, за силна и квалитетна младина.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа