Димовски: На конгресот на ВМРО-ДПМНЕ ќе има 560 делегати

На 2-ри и 3-ти мај во Куамново ќе биде одржан 15-тиот партиски конгрес на ВМРО-ДПМНЕ. Во вестите на Канал 5 телевизија членот на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски истакна дека владејачката партија се подготвува за партискиот конгрес на кој треба да се избере претседател на партијата.

-Подготовките се во полн тек тие траат подолго време, во текот на вчерашниот ден Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука конгресот да се одржи во Куманово во домот на културата „Трајко Пркопиев“, ќе има 560 делегати на конгресот избрани по раличен основ, најголем дел од нив избрани од страна на општинските комитети на партијата, изјави Димовски.

 Списокот, доаде тој, е објавен јавно и транспарентно на веб страната на ВМРО-ДПМНЕ.

-Постапката за избор на претседател на партијата е позната на јавноста на истиот начин сме бирале неколку пати по ред, најмалку 30 делегати на Конгресот во согласност со деловникот имаат право да предложат кандидат за претседател, рече тој.

Рокот за поднесување на кандидатура за претседател е до петок до 15 часот во партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје.

Гласањето, потенцираше Димовски, е тајно и гласаат сите присутни делегати без исклучок. Оној којшто ќе добие најмногу гласови ќе биде претседатеч и ќе ја води партијата во следните 4 години.

- Без разлика на политичкиот моментум ВМРО-ДПМНЕ е стабилна политичка партија, приоритет има развојот на државата и стабилност, напредок и нови работни места. Наша концентрација на овој конгрес ќе бидат воспоставување на одредници за политиките на  партијата  кои што ќе се импицираат и политики во државата за крупни и значајни стратешки приоритети на РМ, во делот на финансиите, во делот на социјалната помош, во делот на инвестициите, грижата за пензионерите и за младите, потенцираше Димовски.

 

 

Оцени ја веста

27.04.2015 - 19:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега