Пак тероризам: Нападната полициската станица во Зворник - еден полицаец убиен двајца ранети

Непознат маж вечерва околу 19:10 ја нападнал полициската станица во Зворник, Република Српска убивајќи еден полициски службеник, а уште двајца ранил, јавува РТС.
Мажот вооружен со две автоматски пушки извикувал „Алах уегбер“ и пукал во полицијата

 

РТС пренесува дека еден полицаец починал на лице место а двајцата се префрлени во болница. Полициските службеници кои сигнале на помош го совладале напаѓачот и го убиле.
Информациите ги потврдиле и официјалните лица кои информираат дека станува збор за терористички чин.

Минатата недела терористички чин беше извршен и во Македонија. Според МВР, четириесетина припадници на УЧК ја нападнаа караулата во Гошинце. Еден полицаец беше претепан но за среќа немаше загинати.

 

 

Оцени ја веста

27.04.2015 - 20:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега