Полицаец убиен во полициска станица - убиецот се дерел „Алах Акбар“

Непознато лице вечерва влегло во Полициската станица во Зворник и почнало да пука од огнено оружје. Во нападот настрадал еден полицаец Д.Џ. и напаѓачот, а двајца припадници органи на редот се ранети. Според информациите полицајците возвратиле на огнот и го застрелале напаѓачот. Полицијата го блолкирала просторот околу станицата и не дозволува пристап. Околу станицата има крв а околу владее општ метеж. „Во 19 часот во ПС Зворник влегол вооружен маж и почнал да пука. Убиен е еден полицаец, а двајца се ранети С.М и Ж.Г. Повредените полицајци веднаш се пренесени во болница“, изјави портпоаролона Центарот за јавна безбедност Александра Симојловиќ. Некој од порталите во Србија пишуваат дека напаѓачот за време на нападот викал „Алах акбар“.

 

 

Оцени ја веста

27.04.2015 - 21:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега