Тетово: Извлечени 10 деца кои се давеле во реката Пена

Од надојдените води на река Пена кај месноста Бањиче во Тетово неколку минувачи и излетници успеале за среќа да извлечат и да спасат десетина малолетни деца кои се бањале.

Од полицијата во Тетово велат дека била испуштена голема количина вода од браната на пониските падини на Шар Планина при што децата започнале да се дават.

Вртлозите на реката ги повлекле малолетните деца, но минувачите успеале да ги спасат.