Законот за работни односи пред пратениците
Собранието на Република Македонија денеска ќе ја почне 45-тата седница на која ќе расправа за неколку законски решенија во прво читање и по скратена постапка.
Како закони по скратена постапка на дневен ред се ставени измените на Законот за приватизација и закуп на градежно земјиште во државна сопственост и на Законот за спорт, како и измените на Законот за архивски материјал и на Законот за работни односи.
Во прво читање на седницата ќе бидат разгледани Предлог законот за претворање на побарувањата на Република Македонија по основ на данок на додадена вредност и платени обврски кон странски кредитори и странски железнички претпријатија во траен влог во МЖ Транспорт, како и измените на Законот за јавните набавки, Предлог законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и во општествена сопственост и измените на Законот за постапување со бесправно изградени објекти.
Во рамки на седницата се и Годишниот извештај за работењето на Дирекцијата за заштита на личните податоци за 2014 година, извештајот за работата на Агенцијата за електронски комуникации и Предлог- одлуката за одобрување на Годишниот извештај за работата на Агенцијата за регулирање на железничкиот сектор.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа